Над сто загинати на Хаваи, околу 1.300 лица се водат како исчезнати
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе отпатува на Хаваите „што е можно побрзо“, по критиките за неговиот одговор на смртоносните шумски пожари на островот во кои загинаа повеќе од 100 луѓе, јавува денеска Би-би-си. Говорејќи во Милвоки вчера, Бајден рече дека сака да се погрижи луѓето во државата да имаат „сè што им треба“.
Бројот на загинати во пожарите сега е 101, додека околу 1.300 лица се водат како исчезнати. Жителите на Хаваи се пожалија на брзината на одговорот на федералната влада на катастрофата. Претседателот вчера рече дека сè уште не ги посетил Хаваите поради загриженост дека тоа ќе ги оттргне ресурсите и вниманието од хуманитарниот одговор.
„Не сакам да пречам. Сум бил во премногу области на катастрофа“, рече Бајден.
„Сакам да бидам сигурен дека нема да ги нарушиме тековните напори за закрепнување“, додаде тој. Повеќе од 500 луѓе, федерален персонал за итни случаи досега се испратени да помогнат во напорите за помош, вклучително и 150 специјалисти за пребарување и спасување.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација