Над сто пријавени за фаќање на крстот во Радика

Повеќе од сто лица до попладнево се пријавени за учество на традиционалното скокање по крстот во реката Радика, во духот на големиот Христијански празник Богојавление Водици.
– До попладнево се пријавени 115 лица, кои сакаат да бидат во водите на река Радика, во мигот кога тие ќе бидат допрени од светиот крст. Но, имајќи ги предвид изминатите години, на полагањето на крстот, очекуваме да учествуваат меѓу 150 до 200 лица,бидејќи на денот доаѓаат и многу непрјавени, изјави за МИА отец Кирил од Бигорскиот манастир.
Претходно, во осум часот Божествената Златоустова Литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во селото Ростуше ќе биде одржана од братсвото на Бигорскиот манастир,на која ќе присуствуваат и сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“.
По традиција, стотици верници од подрачјето на Река и други градови од земјава се очекува да има на трожествената литија која во 9:30 часот ќе тргна од црквата се до Ростушки Мост на реката Радика.
Минатата година во Радика светиот крст го фати Никола Аврамовски, просветен работник од Битола.
Во Дебар, според Намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски прјавени се три момчиња. Светот крст ќе биде фрлен во 8:30 часот во базенот што се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“ каде што е седиштето на парохијата.
Лани, меѓу петте момчиња кои скокнаа по чесниот крст најсреќен беше Чедо Петревски, студент на ДИФ.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
