Над половина милион заразени со Ковид-19 на Флорида
САД регистрираа 1.262 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19 во изминатите 24 часа, покажуваат податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Со новите случаи, бројот на смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата е речиси 158.000. Новозаразени за 24 часа се 53.158, што донесува вкупниот број потврдени случаи на 4,82 милиони.
Претставници на Флорида велат дека бројот на заразени со вирусот е над 500.000.
Во меѓувреме, бројот на извршени тестови се зголеми откако некои лаборатории беа привремено затворени поради тропска бура Исајас. Бројот на смртни случаи на Флорида до вчера беше 225, со што бројката од почетокот на пандемијата веќе е 7.627.
Аризона е меѓу најтешко погодените држави. Повеќе од 500 затвореници во затворот во градот Тусон (речиси половина од сите) тестирани се позитивно на коронавирусот, соопштија властите.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек