-->
-->
Над илјада лица уапсени во Турција поради наводни врски со ИД
-->
Турските сили за безбедност во текот на 2016 година уапсиле над илјада лица под сомнение дека имале врски со Исламска држава, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи.
Во текот на годинава биле приведени 3.359 лица, а 1.313 од нив се се сеуште во притвор.
Од овие осомничени џихадисти дури 679 се стански платеници.
Во периодот од 2011 до 2016 година во земјата биле задржани вкупно 7.015 наводни џихадисти, меѓу кои 2.712 странци, стои во соопштението на турското Министерство за внатершни работи.
Меѓу приведените странци има Сиријци, Руси, Ирачани, Кинези, како и државјани на Азарбеџан, Мароко, Египет, Узбекистан и Тунис.
Забраната за влез во Турција била наложена на околу 52 илјади лица од 145 земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје