Над четири милиони жители на Франција веќе се заразени од Ковид-19
Речиси седум отсто од населението во европскиот дел на Франција е заразено со Ковид-19 пред средината на април, односно 4.368.000 лица, објави јавната здравствена агенција „Санте публик Франс“ (СПФ) која алармира за зголемување на ширењето на вирусот.
Во Франција, со исклучок на Мајен каде се појавија неколку кластери, Гвајана и Мајот, два прекуморски департмани кои во моментот се многу погодени од епидемијата, постои „нов тренд на зголемување на ширењето на коронавирусот, иако тоа е на ниско ниво“, забележува СПФ.
Минатата недела, бројот на потврдени случаи на инфекција, стапката на нови случаи и бројот на лекарски интервенции на брза помош за сомнителни случаи со Ковид-19 е зголемен во однос на претходната недела.
Ако во просек заразено лице зарази помалку од едно лице, епидемијата се намалува, ако зарази уште двајца (R = 2), епидемијата се шири, ако зарази едно лице (R = 1), епидемијата се одржува, објаснува Софи Вокс од СПФ.
Покрај тоа, „имаме зголемен тренд во бројот на нови потврдени случаи, но број кој останува умерен. Не зборуваме за експлозија на случаи, но има движење што повикува на претпазливост“, објаснува Вокс.
Здравствените власти предупредуваат на опасноста од враќање на епидемијата, особено затоа што превенцијата се намалува кај населението и летните одмори веројатно ќе ги охрабрат ризичните однесувања и семејните и пријателските дружења. Меѓу 68-те кластери кои се под истрага на 8 јули, 20 отсто се однесувале на поширокото семејство
На повеќе места во Франција се спроведуваат операции на масовно тестирање на населението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина