Над 95.000 мигранти и 1.100 жртви регистрирани лани и годинава во југоисточна Азија
На тукушто завршената меѓународна конференција за проблемите со бегалци во источна и југоисточна Азија високи официјални личности на 20 држави од овој дел на светот заклучија дека без координација на соработката и реално согледување не може да се решат актуелните мигрантски бранови.
Во овој дел на Азија, во 2014 и оваа година регистрирани се над 95.000 бегалци, а меѓу нив и најмалку 1.100 го загубиле животот во обиди да стасаат до копното на некои побогати држави во југоисточна Азија.
Минатата пролет била најкритична, бидејки десетици бродови преполни со прегладнети и разболени бегалци од Бангладеш и Мјанмар со денови беа враќани на отворено море од страна на крајбрежните стражи на Тајланд, Малезија и Индонезија. Под притисок на меѓународната заедница, а на инцијатива на Тајланд во овие три држави беа направени привремени кампови за сместување на по 10.000 бегалци, но тоа не го ублажи проблемот, кој беше прогласен за хуманитарна катастрофа.
Бројките за бројот на мигрантите и жртвите ги соопшти УНХЦР, но познавачите на приликите во овој дел на светот тврдат дека има најмалку два пати повеќе бегалци кои самостојно, или преку клоновите на мафијата за трговија со луѓе, се обиделе да избегаат од сиромаштијата во Бангладеш и од немањето основни граѓански права во Мјанмар.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп