Над 900 заразени со Корона вирус за три дена во Македонија
Со вчерачниот загрижувачки рекорд од 364 новозаразени со коронавирус за едно деноноќие, за само три дена во Македонија има дури 906 нови случаи со Ковид-19. Колку за споредба анализите на ИЈЗ покажуваат дека минатата седмица регистрирани се 1203 инфицирани лица. Во истиот период дури 60% од новозаболените се млади на возраст од 20 до 29 години. Токму оваа возрасна група е во фокусот на новите предложени мерки од страна на Комисијата за заразни болести.
Епидемиолозите предлагаат да се забранат поголеми семејни собири, забави и слави во домашни услови, а на гости да можат да ви дојдат максимум 4 лица. Се забранува групирање во парковите и други јавни површини на повеќе од 4 лица после 22 часот. Целта според министерот Филипче е да се спречи забавите од угостителските објекти да се префрлат дома или во изнајмени станови. Исто така Комисијата предлага носењето маски или марами кои ќе го прекриваат носот да бидат задолжителни и на отворено дури и кога граѓаните се сами. Исклучок за носењето маски надвор ќе бидат децата до 6 години, оние кои спортуваат или се од едно семејство кога се возат во автомобил. Сетот мерки е доставен до Владата која треба да се изјасни дали ќе станат задолжителни. Најверојатно седница за оваа точка ќе има во текот на викендот.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Фатени на камера лицата кои оставаат куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата ги идентификуваше| ВИДЕО
-
Маж гестикулирал и извикувал нацистички поздрави и го навредувал директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Скопје
-
Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија
-
Светските лидери го поздравија договорот меѓу Хамас и Израел
-
Од почетокот на годинава 18.458 санкционирани возачи за возење без возачка дозвола
-
Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана
-
Семејства на израелските заложници го поздравија договорот за нивно враќање
-
Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен