Над 6.000 ученици од општина Аеродром ја почнаа новата учебна година

Во осумте основни училишта во општина Аеродром годинава ќе учат над 6.000 ученици. Од нив околу 800 се првачиња.
Општина Аеродром, како што соопштуваат оттаму, заедно со раководството на основните училишта кои се под нејзина надлежност, се погрижила на учениците да им овозможи што подобри услови за учење и свечен прием со пригодна програма за одбележување на почетокот на новата 2016/2017 учебна година.
- Во текот на летото, додека траеше ученичкиот распуст, училиштата се подготвуваа за успешен старт на новата учебна година, при што дел од нив беа реновирани, онаму каде што имаше потреба беа извршени поправки, дел од училниците, канцелариите, ходниците и фасадите беа варосани и исчистени, а дворовите уредени, се вели во соопштението од општина Аеродром.
Исто така, сите ученици во општината добиле бесплатна училишна облека. Овој проект, кој се одвива трета година по ред, велат од општината, наиде на одобрување и прифаќање не само кај учениците, туку и кај родителите, бидејќи сите ученици се облечени во иста облека и на тој начин се навикнуваат на соодветен кодекс на облекување.
Ново на Сител
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
