Над 60 проценти од граѓаните користат интернет речиси секој ден

Над 70 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, а над 60 проценти од населението користеле интернет речиси секој ден, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика за првото тримесечје од годинава.
Според објавените податоци, 73,6 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет, а речиси сите, односно 91,2 проценти од домаќинствата имале широкопојасно (фиксно и мобилно) поврзување на интернет.
Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 74,5 проценти, а 61,9 проценти користеле интернет секој ден или речиси секој ден.
Паметните телефони биле најкористени средства за пристап на интернет, а нив најмногу ги употребувале младите на возраст од 15 до 24 години.
Од лицата кои користеле интернет 24,8 проценти купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а најмногу односно 64,1 процент од нив купувале облека или спортска опрема.
Трендот на се поголем број на корисници на интернет услугите се потврдува и со податоците од анкетата што ја спроведе Агенцијата за електронски комуникации во периодот од 19 до 29 мај.
Според резултатите од анкетата, пристап до интернет имаат 80,4 проценти од домаќинствата, а бројот на корисници на интернет е 74,4 проценти и бележи тренд на постојан раст.
Еден од поинтересните податоци е оној дека 43 проценти од испитаниците дневно во просек се задржуваат меѓу три до пет часа на интернет.
Анкетата покажува дека постои разлика меѓу користењето на интернет во урбаните и селските средини, односно 78,8 проценти корисници на интернет има во урбаните средини, а 66,8 проценти во руралните средини.
Во последните 12 месеци, само 3,3 проценти од корисниците на интернет промениле оператор.
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
-

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
-

На ГП Долно Блаце уапсен Турчин баран со потерница од Интерпол
-

Уапсени 12 возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив возел со 3,95 промили алкохол во крвта
-

18-годишна трудна девојка од Шуто Оризари силувана од поранешен партнер
