Над 56 килограми разни видови дрога се откриени и одземени годинава од полицијата во Тетовско и Гостиварско
За девет месеци во 2021 на тетовското подрачје од сторилите на кривични дела откриени се и одземени се вкупно 56,5 килограми дрога – марихуана, хеорин, хашиш и други видови, покажува статистичката анализа на податоците во тетовската полиција. При тоа СВР Тетово на тетовското подрачје бележи 48 кривична дела од областа на недозволена трговија со дрога.
-Откриените дела се за 25 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Овие кривични дела се целосно расчистени и заокружени со 40 кривични пријави поднесени до Основните обвинителства во Тетово и Гостивар. Во овие кривични дела опфатени со пријави вкупно биле инволвирани 55 сторители, на различна возраст, во најголем број машки лица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово
Статистичката анализа на податоците од област покажува дека најголем дел од кривичните пријави се однесувале на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, додека помал број се однесувале на „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Меѓу пријавените во овој период се среќаваат и повторници, но и малолетници.
Ново на Сител
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено
-
Блумберг: Путин поставува максималистички барања до Украина и е подготвен да продолжи со војната
-
Зеленски: САД треба да ја убедат Русија да го прифати прекинот на огнот