Над 50 пожари вчера во земјава, денеска нема активни
Над 50 пожари на отворен простор, од кои повеќето не се прошириле благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на пожарникарите имало вчера на територијата на земјава, информираат од ЦУК.
Во овој момент, додаваат оттаму, нема активни пожари.
Меѓу пожарите кои вчера избувнале се пожарите во село Страчинци (сува трева и грмушки), село Орланци (ѓубриште), село Волково (сува трева и грмушки) и депонијата Вардариште во Скопско, потоа депонијата Буково во Охридско, ѓубриште во близина на Глобочичко езеро, Струшко, потоа ниска вегетација во село Отовица, трева и трња во необработени ниви околу 17 хектари на местото Топот во Велешко.
Во Светиниколско имало пожар во Кривчева река во близина на Свети Николе, каде гореле нискостеблеста шума, стрништа, викендици и помошни простории, во Тетовско ниска вегетација покрај патот кон Попова Шапка, а во Битолско имало повеќе од 10 пожари,
Во Прилепско горела ниска вегетација во село Канатларци, ниска вегетација во село Алинци, ниска вегетација во село Тополчани кон село Тројкрсти, како и депонија и ниска вегетација кај село Дебреште, во Струмичко горело стрниште, ниска вегетација и ѓубре во село Секирник, површина од 2 до 3 ха, во Богранци нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација кај м.в. Брдаров камен, како и нискостеблеста шума - прнар село Николич.
Повеќе пожари имало и во Кумановско, Радовишко, Виничко, како и во атарите на Старо Нагоричани, Крива Паланка и Ранковце.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар