Над 50 отсто од луѓето во светот чувствуваат прекумерни ограничувања поради Ковид-19
Педесет и осум отсто од луѓето кои живеат во светските демократии се задоволни од одговорот на нивните влади на пандемијата на Ковид-19, иако повеќе од половина веруваат дека нивните слободи се премногу ограничени, покажуваат податоците од спроведена анкета.
Истражувањето спроведено во 53 земји, исто така, покажа дека нешто повеќе од половина веруваат дека нивната земја е демократска, но многумина сметаат дека економската нееднаквост и моќта на големите технолошки компании се закана за демократијата.
Иако мнозинството од испитаниците го одобруваат начинот на кој нивните влади реагирале на пандемијата, според истражувањето, 53 отсто сметаат дека нивните лични слободи се премногу ограничени од воведените мерки, според анкетата.
– Сега мора да најдеме излез од пандемијата на Ковид-19, давајќи им поголема демократија и слобода на луѓето, изјави Андерс Фог Расмусен, претседател на фондацијата „Алијанса на демократии“, која заедно со компанијата за следење на брендови „Латана“ ја спроведоа анкетата.
Околу 64 отсто од испитаниците сметаат дека економската нееднаквост е најголемата закана за демократијата во светот. Испитаниците во САД се најмногу загрижени за влијанието на големите технолошки компании врз демократијата.
Речиси половина од анкетираните низ светот се загрижени дека САД се закана на нивната демократија, додека 38 проценти се плашат од кинеско влијание, а околу 27 проценти се претпазливи од руското.
Со изборот на претседателот Џо Бајден, перцепцијата за влијанието на САД врз демократијата ширум светот е подобрена од администрацијата на Доналд Трамп. Во Европа, Русија и Кина, влијанието на САД се уште се смета главно како негативно.
Генерално, 62 отсто од испитаниците сметаат дека социјалните медиуми имаат позитивно влијание врз демократијата во нивната земја. Повеќето од 53 земји вклучени во истражувањето се повеќепартиски демократии, додека други се Кина, Венецуела, Виетнам и Саудиска Арабија.
Ново на Сител
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан