Над 450 баратели на азил од островите ќе бидат пренесени во прифатен центар во северна Грција
Во прифатен центар за бегалци и мигранти во близина на Солун, ќе бидат пренесени 466 баратели на азил од грчките острови Лезбос и Хиос, кои рано утрово пристигнаа на атинското пристаниште Пиреас, jави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, 453 мигранти и бегалци се од прифатниот центар Мориа на Лезбос, а 13 од островот Хиос и станува збор за т.н. ранливи категории на луѓе.
Во кампот Вајохори во грчката област централна Македонија ќе бидат пренесени со 17 автобуси.
Со друга редовна бродска линија, 71 лице од островите Лерос и Кос, претпладнево ќе пристигнат во Атина и ќе бидат пренесени во прифатните центри во Атика и Коринт, а според информациите на АНА-МПА, во текот на денот се очекува со брод на грчката воена морнарица од островот Сими во Пиреас да бидат пренесени 400 бегалци и мигранти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата
-
Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција