Над 400 илјади македонски граѓани купувале преку интернет, најмногу облека и спортска опрема
Над 400 илјади граѓани во Македонија нарачале или купиле производи преку интернет, а најмногу се купува облека и спортска опрема. Спроведената анкета на Државниот завод за статистика во првото тримесечје од годинава во која испитаниците се изјасниле за направените онлајн нарачки во последните 12 месеци покажува пораст на интернет продажбата за 62 проценти.
Така, годинава преку интернет купувале околу 31,6 проценти од интернет корисниците за разлика од лани кога онлајн нарачки направиле 19,5 проценти.
Облеката и спортската опрема и понатаму се работите кои најмногу ги купуваат Македонците преку интернет, иако во споредба со минатата година ги купувале помалку овие работи. На сметка на тоа повеќе се купувале производи за домаќинство, храна и друго.
Од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија кои преку соопштение денеска информираа за најновите состојби во е-трговијата повикувајќи се на анкетата на Државниот завод за статистика велат дека она што е значајно е дека има пораст на онјалн купувањето од домашните е-трговци.
– Ако во минатото доминантната онлајн трговија била кај продавачите од другиот дел на светот, најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека Македонците доминантно онјалн тргувале од домашните е-трговци што е особено за поздравување, се вели во соопштението од Асоцијацијата за е-трговија.
Ново на Сител
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф