Над 3.600 првачиња добија сообраќајни безбедносни елеци
Над 3.600 првачиња добија флуоресцентни елечиња за безбедно движење во сообраќајот, во рамки на акцијата „Безбедни првачиња“ што како дел од проектот „Заедно за поголема безбедност во сообраќајот“ во изминатите два месеца ја спроведе Триглав осигурување.
Целта на акцијата беше зголемување на безбедноста на првачињата во сообраќајот и подигнување на нивната свест за важноста на внимателното движење.
Акцијата „Безбедни првачиња“ што беше спроведена во 50 основни училишта низ цела Македонија, имаше и краток едукативен дел за основните правила во сообраќајот.
- Употребата на безбедносни елеци придонесува кон поголема видливост на најмладите во сообраќајниот метеж, а со тоа и кон нивна зголемена безбедност. На овој начин сакаме да придонесеме кон подигнување на свеста и кај возрасните учесници во сообраќајот, да забележат дека има деца секаде околку нас и оти треба крајно внимателно и одговорно да се однесуваме во сообраќајот, за поголема безбедност на сите, изјави главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.
Ново на Сител
-
Почна најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, странците воодушевени од организацијата
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната
-
Високите температури ја полнат струмичка брза помош
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?