Македонија
20. September 2015 - 12:48

Над 3.000 учесници на ревијалната трка Виз Ер Скопје 5 км

Повеќе од 3.000 учесници се појавија на стартната позиција на ревијалната улична трка „Виз Ер Скопје 5 км“ која започна утрово во 9 часот. 

Трката стартува од улицата „Димитрија Чуповски“ кај Рекорд, по што учесниците продолжија низ булеварите „Климент Охридски“ и „Илинденска“, а преку улицата „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се упатија назад кон финишот.

- Изненадени сме од големиот број на учесници кои несебично ја дадоа својата поддршка денес со тоа што ја истрчаа оваа трка од ревијален карактер. Сакам да им се заблагодарам на сите љубители на спортот и трчањето, на сите аматери и професионалци кои утрово заедно создадоа неверојатна позитивна атмосфера токму во центарот на Скопје, изјави Кире Синадиновски, директор на Скопскиот Маратон.

Трката Виз Ер Скопје 5км е дел од Европската недела на спортот која е поддржана и организирана од Европската комисија. Македонија преку оваа трка стана дел од спортските активности кои се случуваат во Европа во периодот од 7-ми до 30 септември годинава. Трката е и дел од календарот на спортски настани http://ec.europa.eu/sport/week/ и е една од 116. улични трки кои се одржуваат во 34 европски земји.