Над 20 земји од светот и испратија хуманитарна помош на Кина
Повеќе од 20 држави во светот испратија хуманитарна помош за Кина во нејзината борба со раширената епидемија на пневмонии, предизвикана од коронавирусот 2019-nCoV, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
“Веќе 21 држава и доставија помош на Кина, испраќајќи средства за спречување и контрола на ширењето на болеста. Тоа се Република Кореја, Јапонија, Тајланд, Малезија, Индонезија, Казахстан, Пакистан, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Унгарија, Белорусија, Турција, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Алжир, Египет, Австралија, Нов Зеланд, Тринидад и Тобаго, како и УНИЦЕФ”, соопшти министерството.
„Подароците се вредни, а чувствата – бесценети. Ја искажуваме нашата искрена благодарност кон нив. Кина ќе продолжи да ги споделува информациите и ќе ја засили соработката со сите земји низ светот не само за безбедноста на Кинезите, туку и за глобалната и регионалната здравствена безбедност”, се додава во соопштението на кинеското Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Од 16 алкотестирани 7 лица управувале пловен објект под дејство на алкохол во Охрид
-
Грција: Девојка се онесвестила откако ја запросиле, лекарите констатирале мозочно крварење
-
Две жени се степале на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот
-
Пронајдено изгорено тело по пожарот во Ѓорче
-
17-годишен битолчанец со автомобил удрил велосипедист и тешко го повредил
-
Гаши вети: Оваа година без молење во Собранието на седницата за Сребреница
-
Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво
-
Купиле амфетамин во Скопје за да го продадат во Кавадарци