Македонија
31. July 2024 - 12:15

Над 20 спортски настани од 23-31 август во Охрид

Охрид преку фестивали ги промовира водените спортови и уникатните потенцијали со кои располага Охридското езеро како најголем туристички центар.Во рамки на второто издание на спортско-рекреативниот дел од програмата на Ohrid Water Festival од 23-ти до 31-ви август предвидена е организација на 20 спортски настани,концерто и изложби.

На   спортската манифестација , предвидена е и богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини се со цел привлекување на што поголем број на посетители.

Покрај сите традиционални натпревари и настани, круна на целата манифестација ќе биде Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржува на 31-ви август.