Свет
17. November 2017 - 23:02

Над 20 луѓе загинаа при напад на ИД во Сирија

Припадници на екстремистичката организација Исламска држава денеска извршија напад со автомобил-бомба во сирискиот град Деир ез Зур, при што загинаа над 20 лица, а триесетина се повредени. 

Експлозијата се случи на локација каде се сместени внатрешно раселените лица, во јужниот дел на градот, што е под контрола на сириските владини сили. 

Сириската опсерваторија на човековите права, наведе дека загинале 26 лица, меѓу кои 12 деца.