Над 20 илјади странски борци од 81 земја заминале да се борат за ИД
Околу 200 странски борци заминале во Ирак и Сирија за да се борат на страната на џихадистите од Исламска држава од 2011 година, пишува денеска британскиот весник „Дејли телеграф“.
Иако нема официјална статистика со која може да се потврди оваа бројка, експертите тврдат дека многумина од нив се уште се на фронтовите во зоните на конфликтот, а голем дел се вратиле во своите земји.
За четири години повеќе лица заминале да се борат за ИД, отколку лицата кои заминале да се борат во Авганистан за десет години, одбележува весникот, цитирајќи го истражувањето на аналитичкиот центар „Суфан груп“, предводен од поранешниот агент на ФБИ, Али Суфан.
Странците кои заминуваат во редовите на ИД доаѓаат од најмалку 81 држава. Околу пет илјади се од Европа, најмногу од Франција, Германија и Велика Британија. Десет илјади се од азиските земји,а од африканските околу осум илјади. Држави со најмногу борци во редовите на ИД се Тунис, Саудиска Арабија, Јордан, Русија, Франција, Турција и Мароко.
Ново на Сител
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу