Над 20 бегалци со гумен чамец пристигнале во Италија од грчкиот остров Крф
Над 20 бегалци, кои со гумен чамец тргнале од грчкиот остров Крф, денеска пристигнале во Италија, каде еден од нив бил уапсен, а останатите сместени во прифатен центар, информира грчката агенција АНА-МПА, повикувајќи се на италијански извори.
Во чамецот вкупно имало 22 лица, од кои 17 биле мажи и пет жени, а потекнувале од Сирија, Сомалија и Иран.
Според италијанскиот весник „Република“, заедно со мигрантите во чамцот патувале и две други лица - Грк и Албанец, за кои се претпоставува дека се шверцерите кои го организирале патувањето на бегалците до Пуља, во јужна Италија.
Бегалците се сместени во прифатен центар во градот Отранто.
Италијанската полиција при идентификацијата на бегалците уапсила Иранец заради поседување фалсификувани документи и пасош.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани