Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници

Во вториот круг од локалните избори, кој се одржа на 2 ноември во 33 општини, се евидентирани вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња на изборите за градоначалници, што претставува околу 5,6 отсто од сите употребени ливчиња.
Според податоците, од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање, 19.287 гласачки ливчиња се евидентирани како неважечки.
Во Град Скопје, од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња биле неважечки, што претставува 6,3 отсто од вкупниот број. Тоа значи дека речиси секое шеснаесетто ливче во Скопје било неважечко.
Излезноста во Скопје во вториот круг изнесуваше 35,33 проценти, додека на национално ниво таа беше 47,16 проценти.
Во првиот круг од изборите за градоначалници, одржан на 19 октомври, од 885.085 гласачи, 53.724 ливчиња беа неважечки, што е околу 6,1 отсто. Излезноста во тој круг изнесуваше 48,30 проценти.
За изборот на градоначалник на Град Скопје во првиот круг, од 232.581 гласачи, беа евидентирани 12.359 неважечки ливчиња, а излезноста изнесуваше 49,04 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Бурата Фина остави без електрична енергија илјадници Австралијци
-

Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка - Деве Баир
-

Владата на Ковачевски ги намалила платите на судиите и обвинителите, Уставен одлучил: „Со намалување на платите, не ви е загрозена независноста, тие и натаму ви се меѓу најголемите во државата!“
-

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит
-

Сиљановска-Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“
-

Патот Крива Паланка - Деве Баир во прекин поради одрон
-

Белата куќа: Јужна Африка ги поткопува принципите на Г20 со тоа што не го предава претседателството на САД
-

Потпретседателот на Собранието Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа
