Над 180 казни за возачи во Скопје за брзо возење, алкохол и други прекршоци

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на 19.10.2019 во периодотод 06.00 до 24.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои јапречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.
Притоа, санкционирани се 34 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 42 останати прекршоци, за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 26 прекршочни платни налози.
Исто така, од 22.00 часот на 19.10.2019 до 05.00 часот на 20.10.2019 беше спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 19 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 13 останати прекршоци, за кои се издадени пет мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.
На 19.10.2019 во периодот од 14.00 до 24.00 часот санкционирани се и пет возачи на мотори за сторени прекршоци, а откриени се и 68 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни и 22 прекршочни платни налози.
Ново на Сител
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
-

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел
-

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија
-

Трамп: Не знам дали иранскиот врховен лидер е воопшто жив
