Над 1,45 милиони заразени со коронавирус во светот, кај нас 617
Во светот досега се регистрирани над 1,45 милиони лицa заразени со новиот коронавирус од кои се починати повеќе од 83,5 илјади, а оздравеле речиси 310 илјади. Кај нас, пак, со вчерашните 18 новозаболени пациенти, вкупната бројка достигна 617, а бројот на починати се зголеми на 30 откако вчера починаа три нови лица меѓу кои и 27-годишната родилка од Куманово која е најмладиот досега починат пациент во земјава од Ковид-19. Засега се излекувани 37 лица.
Од новорегистрираните 18 пациенти заразени со Ковид-19, седум се од Скопје, четворица од Прилеп, по двајца од Куманово и Битола, и по еден од Кавадарци, Крушево и Кочани. Дури 72-ца од вкупно 617-те заболени се медицински лица.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 261, Куманово -130, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп – 38, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10, Битола – 8, Охрид – 3, Кавадарци – 3, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3 и Кочани – 18.
На Инфективната клиника примени се четири нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои седум пациенти се на механичка вентилација. Во болницата „8 Септември“ примени се четири нови сомнителни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и сомнителни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои осум се во тешка состојба, а тројца пациенти се на респираторна машина. Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани четири пациенти, од кои еден пациент со средно-тешка клиничка слика со пневмонија и три стабилни. Во болницата во Битола, исто така, нема прием на нови пациенти. Во моментов има четири пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.
Во изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25 и Фипил Втори (Жан Митрев) –100 . Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.
Турција вчера попладне со авион на турската армија на земјава и достави помош од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери, 1.000 дијагностички тестови и друг медицински материјал.
Вчера стапија во сила и новите владини мерки, што предвидуваат забрана за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, а од викедот што следува на целата територија на земјата ќе биде воведен полициски час од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.
Ново на Сител
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош
-
Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски
-
Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот
-
Нетанјаху ги обвини поранешниот и актуелниот шеф на безбедносната служба „Шин Бет“ за организирање уцена
-
Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки
-
Мицкоски: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“
-
Во Газа, 90 отсто од населението нема сигурен пристап до вода, 80 отсто нема пристап до храна