-->
-->
Над 140 уапсени при протести во Париз
-->
Француската полиција во текот на минатата ноќ уапси најмалку 141 лице, кои учествувале во насилни протести по изборот на Емануел Макрон за нов претседател на Франција.
Француската полиција утрово соопшти дека од вкупниот број уапсени на деветмина им е одредена мерка притвор, додека останатите се ослободени.
Според полицијата, уапсените ќе се соочат со обвиненија за вандализам.
Учесниците на протестите се припадници на анерхистички и екстремно левичарски групи, кои се противат на изборот на Макрон за претседател, но и на неговата противкандидатка Марин Ле Пен. Според нив, Макрон е „наклонет кон бизнис секторот“, додека Ле Пен има „расистичко минато“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево и топло, попладне пороен дожд
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава