Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

За 20 проценти е зголемен бројот на пријавени студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) Штип во првиот уписен рок. Проректорот на УГД-Штип, Мишко Џидров денеска изјави дека во моментот тече постапката на поднесување на приговори, по што ќе се знае конечниот број на запишани студенти за академската 2025-2026 година.
-Во тек е сѐ уште првиот уписен рок, можам да кажам дека еве следува период на поднесување приговори ако имаат студентите. Од вкупните бројки, до сега може да кажам дека има повеќе од илјада апликации оваа година. Во споредба со минатата година тоа е повеќе за 20% пријавени кандидати, така да Универзитетот е задоволен од овие резултати. Понатаму продолжуваме со вториот и третиот уписен рок и очекувам да имаме задоволителен број на студенти, изјави Џидров.
Посочува дека и оваа академска година најголем интерес има за медицинските науки, за студиските програми по општа медицина и дентална медицина. Се очекува во текот на наредните два уписни рока во месец септември да се пополнат и останатите студиски програми.
-Како и минатите години така и оваа година имаме повеќе интерес за медицинските науки, конкретно за студиската програма по општа медицина, но и дентална медицина веќе е исполнето сѐ во државна квота. Верувам дека во вториот и третиот уписен рок ќе имаме пополнување и на другите студиски програми, рече Џидров.
Во вториот уписен рок се очекува и запишување на странски студенти на УГД Штип, а какошто вели Џидров, и овде е забележен многу поголем интерес споредбено со претходните години.
-Странските студенти имаат процес во нашето Министерство за образование, потоа ќе ги достават документите до нас и ќе ја знаеме реалната бројка. Но,во однос на она колку пишуваат, колку се јавуваат, прашуваат има зголемен интерес. Така да ги очекуваме малку подоцна, некаде во вториот уписен рок, вели Џидров.
Вториот уписен рок на УГД Штип е на 4 и 5 септември, додека третиот е на 17 и 18 септември.
МИА
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла | ФОТО
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
