Над 1.000 бегалци тргнаа пеш од Будимпешта кон Австрија
Над 1.000 бегалци денеска тргнаа пеш од железничката станица Келети во Будимпешта кон австриската граница.
Голема група бегалци, меѓу кои и лица во инвалидски колички, како и родители со деца, се подготвени да пешачат 175 километри до границата со Австрија.
Некои од бегалците носат фотографии на германската канцеларка Ангела Меркел, која неодамна најави дека официјален Берлин ќе го олесни процесот за добивање азилантски статус за Сиријците.
Бегалците што тргнаа пеш кон Австрија се дел од групата 2.000 лица, кои неколку денови беа заглавени на меѓународната железничка станица Келети во главниот град на Унгарија Будимпешта.
Унгарското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека годинава 150.611 бегалци поднеле барање за азил, меѓу кои 50.413 Сиријци.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај