Loading Video...
Свет
19. May 2020 - 16:38

Над 100 милиони жители на североистокот од Кина се ставени во карантин

Над 100 милиони жители на североистокот од Кина се ставени во карантин, бидејќи државата стравува од втор бран на ширење на вирусот Ковид-19. Причина за новите превентивни мерки е што откако земјата во голема мера се врати во нормала, се појави нов кластер, чиј број на заразени се зголемува и достигна 34 лица.
Во кинеската провинција Џилин веќе се прекинати железничките и автобуски линии, училиштата се затворени, а десетици илјади жители се во карантин.
Додека кинезите мислеа дека најлошиот период од коронакризата е надминат, брзата и строга реакција на кинеските власти го докажува спротивното, дека процесот на враќање во нормала е чувствителен и олабавувањето на мерките мора да се спроведува со огромна претпазливост.

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе со недели прима лекови против маларија, со цел да ги ублажи симптомите во случај да е заразен со Ковид-19. Засега не постојат докази дека овој лек има позитивни ефекти против коронавирусот. Трамп често го споменува и промовира лекот хидроксихлорокин како ефикасна терапија против болеста.

Големиот муслимански празник Рамазан Бајрам турците ќе го минат во четиридневен карантин. Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот властите во Турција одлучија да се живее во карантин од сабота, 23-ти, до вторник, 26-ти мај, токму за време на неколкудневното празнување на Рамазан Бајрам. Џамиите повторно ќе бидат отворени за верски служби од 29-ти мај.
Иако тамошните власти сметаат дека успешно се справуваат со пандемијата, сепак не ја исклучуваат можноста да се воведат построги мерки доколку се драстично се зголеми бројката на заразени. До сега во Турција од Ковид-19 починаа 4.200 лица, а бројот на инфицирани надмина 150.000.