Над 100 милини Американци се предупредени за невидени жештини
Повеќе од 100 милиони Американци, вклучувајќи ги густо населените области на источниот брег, од Њујорк до Вашингтон, викендов се предупредени за невидени жештини.
Вонредна состојба е прогласена во престолнината Вашингтон, каде живата на термометарот вчера попладне достигна до 38 степени Целзиусови, прва таква забележана температура од 2012 година.
Во меѓувреме, нов систем на тропска бура сличен на минатонеделниот Алберто, може да се развие над Мексиканскиот залив, јавуваат метереолозите од Националниот центар за урагани.
Системот може да го следи патот на Алберто и да се појави над североисточно Мексико со шанси да донесе многу дожд и поплави во Тексас и по текот на крајбрежјето на заливот.
Предупредувања за високи температури има и во јужниот и централниот дел на Калифорнија, вклучувајќи и округот Калуса, каде пожарникарите се борат со шумски пожар што се простира на 7. 730 хектари.
Калифорнија е соочена со активни пожари што се појавија порано годинава, јавуваат од Одделот за шумарство и противпожарна заштита на Калифорнија. Од почетокот на годинава изгорени се речиси 36.300 хектари шумска површина.
Во меѓувреме, поплави вчера имаше во Ајова, каде гувернерот Ким Рејнолдс објави катастрофична ситуација во 21 округ во северозападна Ајова и пренасочи државни ресурси за справување со „катастрофалните поплави“
Ново на Сител
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ