Македонија
21. December 2021 - 16:38

Националниот совет за евроинтеграции ја отвори можноста за поголема транспарентност во разговорите со Бугарија

Станува ли “Отворен Балкан” алтернатива за Европската Унија? По новата блокада за Македонија, ова прашање се постави на дебатата на Националниот совет за евроинтеграции.

„Основен прашалник е дали сите земји ја поддржуваат оваа иницијатива, кој е ставот на најголемите земји членки на ЕУ, дали берлинскиот процес ќе продолжи да фукнционира или не?”

На дискусијата за усвоените заклучоци за проширувањето на изминатиот ЕУ Самит не провеа оптимизам за брзо решение. За вицепремиерот, посебно разочарувачка е засебната изјава кон заклучоците доставена од источниот сосед.     

„Каде што Бугарија дополнително објаснува како ги чита заклучоците и повторува некои свои ставови, односно вели дека усвојувањето на преговарачката рамка нема по автоматизам да значи и почеток на преговорите со Унијата”.

Димитров предложи и евентуалното решение со Бугарија да биде разгледано јавно во Собранието, а со тоа се согласија и од опозицијата, од каде побараа поголема транспарентност во однос на одговорите кои се испратени во Софија.

Немаме никаква информација ниту на затворена, ниту на отворена седница, рече пратеникот Милошоски.

„Ниту пак имаме уверување дали ваквите одговори се во согласност со веќе изгласаната, со големо мнозинство, резолуција во која ги исцртавме црвените линии”.

Земјите-членки на ЕУ изминатата седмица не постигнаа договор за почнување на преговори со Македонија и со Албанија, а во заклучоците од состанокот изостана временска одредница, како рок за одржување на првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана.