Македонија
26. јуни 2016 - 17:19

Националниот сојуз на слепи одбележува 70 години постоење

Седум децении постоење на Националниот сојуз на слепи кои се одбележуваат годинава претставува исто толку време за унапредување на квалитетот на живеење на лицата со оштетен вид. Сојузот во последните години е во постојано комуникација со надлежните институции со цел да се носат закони кои се од полза на нивните членови. 
 
За да се подобри животот на слепите се очекува повеќе ангажман од локалните самоуправи. 
 
По повод јубилејот, Националниот сојуз на слепите неделава беше беше домаќин на 24-тата седница на Балканскиот консултативен комитет. Претставници на 10 држави од Југоисточна Европа ги пренесоа своите искуства за состојбите и актуелностите во нивните земји.