-->
-->
Националниот аеродром во Брисел ќе остане затворен најмалку до крајот на неделата
-->
Националниот аеродром во Брисел, Завентем, ќе остане затворен најмалку до недела, а дотогаш сите летови се преусмеруваат на помалиот јужен бриселски аеродром Шарлроа, јави дописникот на МИА од Брисел.
По вчерашниот терористички напад на аеродромот каде 14 лица го загубија животот, а 100 беа повредени, според менаџментот на „Бриселс Ерпорт“, направена е огромна штета за која ќе биде потребно време да се поправи и состојбата на еден од најголемите аеродроми во Европа да се врати во нормала за истиот да може да проработи.
- Се уште тече истрагата на аеродромот и ние се уште не сме ниту влегле во делот за заминување за да ја оцениме штетата – вели портпаролакта на аеродромот Анке Франсен.
Иако училиштата, шопинг и административните центри во Брисел и насекаде низ Белгија денеска ќе функционираат и покрај максималното Четврто ниво на закана од можен нов терористички напад во белгиското Кралство, дел од големите компании, спеак, одлучија денеска да бидат затворени. Тоа е случај со мега-продавницата за мебел „ИКЕА“ и нејзините два центри во бриселските населби Завентем и Андерлехт. Причината, според менаџментот е тоа што најголем дел од вработените во компанијата пристигнуваат со метро или воз, а двете линии се во прекин или имаат силни рестрикции, поради што „ИКЕА“ најавува отворање дури во текот на утрешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гужви во дежурниот педијатриски пункт во Бит пазар
-
Пожар во фабрика во Гостивар
-
Максимални затворски казни за превенција од родово базирано насилство
-
Дел од хотелите и рестораните под клуч
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре