Национална стратегија за развој на женското претприемништво во Македонија
Македонија е една од ретките земји во Европа, вклучувајќи ја и ЕУ, што има статистичка база за женското претприемништво, а моментно активно работи и на креирање национална стратегија која ќе го дефинира и значително ќе го подобри овој сегмент од стопанството.
Како што беше речено денеска, на презентацијата на резултатите од регионалниот проект „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места во Југоисточна Европа”, до скоро женското претприемништво во земјава беше речиси непознаница, но сега е еден од битните фактори во економијата кој го поврзува бизнисот со науката, релевантните државни институции, локалните самоуправи и стопанските комори.
- Македонија во проектот ни беше многу значајна. Иако имаше скромни почетоци, стана единствената земја во добар дел од Европа, вклучувајќи ја и ЕУ, што успеа во изминатите четири години да направи статистичка база. Тоа на прв поглед не изгледа толку битно, но е темел на сите паметни политички одлуки и претставува стратна позиција за мерење колку е нешто напшравено или не. Многу поголеми земји и држави кои далеку посилно се промовираат, не се ни блиску до ваквиот резултат, изјави Мери Ан Рукавина Ципетиќ, директор на Иницијативата за одржлив развој која е еден од носителите на проектот.
Според Ципетиќ, во ЕУ се користи и пренесува македонското искуство, а Македонија црпи дел од праксата и добрите европски политики.
Во македонското стопанство околу 33 проценти се жени претприемачи што е речиси исто ниво како европското. Повеќето од нив се носители на микро и мали претпријатија, во услужните дејности, а отвориле бизнис за да се вработат, а не за да бидат деловни луѓе.
- Тоа значи дека немаат голем обрт и профит, најчесто се самовработени, отвориле сопствен бизнис за да се вработат, а не зашто имаат вештини или знаење за водење бизнис. Го прават тоа што го знаат, согласно својата стручна спрема, нагласи Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени кое го имплементираше проектот во Македонија.
Изминативе години, додаде Дисоска, на женското претприемништво се работеше многу.
- Успеавме да станеме препознатливи, да се наметнеме кај нашите партнери. Ги изготивме статистиките, лобиравме, поттикнавме значајни промени во легилстаивите. Направиме и платформа за јакнење на женското претприемништво која функционира веќе четири години, воспоставивме регионално здружување, остваривме многу Б2Б средби, саеми,..., но најважно е што во соработка со Министерството за економија, стигнавме до првање национална стратегијата, напомена Дисоска.
Проектот „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места во Југоисточна Европа” е регионален, се спроведуваше од 2012 до 2015 година, а во него, освен Македонија, беа вклучени и Србија, БиХ, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Турција и Молдавија. Носители беа Регионалниот центар за претприемничко учење на земјите од Југоисточна Европа и Иницијативата за одржлив развој, под координација на Советот за регионална соработка.
Според препораките, за поттикнување и развој на женското претприемништво неопходна е соработка меѓу сите страни, експертската јавност, институциите, општините, медиумите,... Како клучен се посочува подобриот пристап до информации и нивната размена не само дома, туку и на регонално ниво. Мора да се дејствува и во насока на создавање мрежи за надминување на родовата нееднаквост.
Во завршниот документ на проектот фокус е ставен и на младите жени. Се сугерира нивно поактивно вклучување во техничките науки, посебно ИТ секторот.
Ново на Сител
-
Тошковски нема да си даде оставка како што побараа денеска од СДСМ по двојното убиство, па самоубиство во Велес
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничени добија уште 48 часа притвор