Национална младинска конференција „Младински инспиративни дискусии“
Младинското учество при донесување одлуки е далеку од партнерство, а поблиску до декоратива, констатираа денеска младите на конференцијата од национален карактер на тема „Младински инспиративни дискусии“ во организација на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).
Претседателот на НМСМ Дамјан Николовски појасни дека младинската група која денеска ја промовираат е група која ќе работи на креирање младинските политики.
- Групата ќе работи како тело во рамките на Националниот младински совет и своите идеи ќе ги канализира преку Советот. Групата се состои од девет млади луѓе кои сами ќе ги одредат правилата на игра, односно самите определуваат како ќе дејствуваат. Тие ќе ги определуваат темите кои се приоритетни за нив и потоа низ целата држава ќе пробаат да најдат младински препораки како да се адресираат проблемите кои директно ги засегаат, истакна Николовски.
Најчесто, рече тој, младите се соочуваат со проблемите во образованието, културата, вработувањето, како и локалното младинско дејствување, односно вклучување на младите во сите нивоа на државата.
- Коренот на сите овие проблеми кај нас произлегува од недостатокот на вистинско младинско учество во процесите на носење одлуки, рече Николовски.
Потенцира дека досега тоа е само тренд дека ги вклучуваат младите, но тоа го прават декларативно. Во суштина, што се прави, е дискутабилно.
Препораките добиени од младите, младинските организации, локалните младински совети ќе бидат инкорпорирани во еден документ којшто ќе ги даде насоките коишто треба да бидат земени предвид при креирање на политиките за млади.
Ново на Сител
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција
-
Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС