Националистички скандирања на Градски, Гаши вели „Навивачите покажаа достоинствен пример“
Претседателот на Собранието, Африм Гаши синоќа во живо го следеше натпреварот помеѓу Шкендија и Карабах во квалификациите за Лигата на шампиони, изразувајќи честитки и поддршка за тимот од Тетово.
„Вечерва Шкендија покажа карактер и достоинство. Им честитам на тимот за борбата и посветеноста што ја покажаа на теренот“, напиша Гаши во објава на социјалните мрежи.
Тој го опиша тимот како одраз на националната сила и гордост, додавајќи дека поддршката за нив продолжува, и во победата и во поразот. Гаши упати посебна благодарност до навивачите, кои според него се пример за национални вредности, и внатре и надвор од стадионот.
„Особено им честитам на навивачите, кои беа подеднакво достоинствен пример за нашите национални вредности, внатре и надвор од стадионот. Со самодоверба и оптимизам го очекуваме резултатот од реваншот, убедени дека Шкендија ќе се бори до крај“, заклучил претседателот на Парламентот.
Гаши беше во присуство на вицепремиерот Изет Меџити, министерот за економија, Бесар Дурмиши и сопственикот на Шкендија, Лазим Дестани.
Ново на Сител
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори