Начев: Запирањето на рускиот гас за Бугарија има политичка конотација
Енергетскиот експерт Васко Начев изјави за БНТ дека Газпром наскоро ќе продолжи со испораките на Бугарија. Според него, несериозно е да се размислува за опција со која Бугарија треба да го прекине транзитот преку Турскиот поток кон Србија и Унгарија, јави дописникот на МИА од Софија.
Начев е дециден дека Бугарија може да поднесе тужба до Меѓународната арбитража за прекин на испораката на гас и дека би го добила случајот. Тој го опиша однесувањето на Русија како обид за соборување на бугарската влада.
Васко Начев смета дека оваа одлука на Газпром има „политичка конотација и е обид за сопнување на власта во Бугарија”. – Ова не е единствениот обид за руска интервенција во Бугарија, рече тој, притоа посочувајќи на однесувањето на руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова.
– Се посегнува по најслабите затоа што Бугарија има најмала потрошувачка на гас во ЕУ и тоа најмалку би ја засегнало Русија, додаде експертот Васко Начев.
Ново на Сител
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем