Началникот на штабот на ВК на сојузничките сили на НАТО за Европа во посета на Македонија

Началникот на штабот на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО за операции, адмирал Јоаким Риле, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Армијата на Република Македонија.
Адмиралот Риле денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе оствари средби со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Како што информираат од Генералштабот на АРМ, главни теми на состаноците ќе бидат придонесот на земјава во операциите на НАТО, oбуката и вежбите, како и развојот на капацитетите на армискиот полигон „Криволак“ и опремувањето на Армијата.
За време на престојот, адмиралот Риле ќе ја посети и Командата за операции и сквадронот за обука и тренинг на пилоти во состав на воздухопловниот ВИНГ.
Ново на Сител
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
-

85-годишна жена го загуби животот во пожар во семејна куќа во Пинтија
-

Се воведуваат нови мерки и поддршка за граѓаните да се откажат од цигарите
