Началникот на ГШ на АРМ во посета на САД
Делегацијата на АРМ предводена од началникот на генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во рамки на неколкудневна посета на националната гарда (НГ) на Вермонт, покрај остварената средба со својот домаќин, командантот на НГ на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј, реализира посети и средби со командантите на команди и единици од составот на нацоналната гарда.
За време на официјалната средба помеѓу НГШ на АРМ и генералот Креј, информираат од АРМ, беа разгледани придобивките од досегашната воена соработка која полека навлегува во 25-тата година, особено во делот на обуката, реализираните вежби и заедничкиот настап во мировните операции. Притоа е повторена определбата за идните заеднички настапи во мировни мисии и меѓународни вежби, за што на припадниците на АРМ се ставени на располагање капацитетите за обука и едукација на НГ на Вермонт.
Делегацијата при посетата на базата Форт Друм, во Сојузната Држава Њујорк, ги обиколи припадниците на АРМ кои во моментот изведуваат предупатна обука за мировни мисии, заедно со своите колеги од инженерискиот полк од 86-тата пешадиска бригада на НГ на Вермонт. Со единици на оваа бригада досега се реализирани повеќе вежбовни активности, како и заедничкиот настап во мисијата ИСАФ во 2010 година, а во понатамошниот период предвидено е повторно заедничко учество во мировната мисија Одлучна поддршка во Авганистан.
Во текот на вчерашниот ден делегацијата ја посети воздухопловната национална гарда на Вермонт каде покрај запознавањето со капацитите и активностите на командата, генералот Величковски остварил средба со командантот генерал Крег Кемпбел на која исто така се разговарало за планираните активности на соработка.
До крајот на посетата делегацијата ќе присусвува на церемонија на испраќање на воздухопловна единица во мисија, а ќе има средби и координации за планраните понатамошни активности со воените авторитети од НГ на Вермонт.
Заедничката обука на припадниците на АРМ врз основа на партнерската програма за соработка со НГ на Вермонт е најочигледен пример за успешноста преку достигнувањето на интероперабилноста со НАТО стандардите уште пред повеќе од една деценија.
Во досегашните заеднички активности со НГ на Вермонт се реализирани речиси 1.000 активности во полето на обуката на кои над 6.000 припадници на АРМ ги совладале стандардите на вооружените сили на САД, кои се имплементирани во единиците на АРМ. Со организацијата и реализирањето на овие вежби, декларираните единици на АРМ, во голема мерка ги подигнаа, но и ги потврдија тактичките процедури и техники на НАТО, што придонесе за успешно спроведување на досегашните процеси на оценување согласно Концептот на НАТО, како и за добиените признанија за беспрекорно извршување на задачи во мировните мисии.
Преку редовните возвратни посети на највисоко воено ниво и интензивната реализација на споменатите активности, соработката меѓу НГ на Вермонт и АРМ, како и помеѓу сојузната држава Вермонт и Република Македонија се издвојува во самиот врв на програмите на партнерски сојузни држави при Бирото на НГ.
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
-
Приведен гевгеличанец, со возило удрил во мотоцикл при што тешко повредил двајца малолетници
-
Повеќето Германци стравуваат од можен руски напад врз НАТО
-
Уапсен неготинец, возел со 2,38 промили алкохол во крвта
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија