Началникот на ГШ на АРМ Величковски на конференција во Сплит
Армијата на Република Македонија континуирано со полн капацитет и активна поддршка работи на процесот на реформите, давајќи полн придонес на севкупните напори за исполнување на врвниот приоритет на Македонија - интеграцијата во НАТО. Ова го истакна во своето излагање началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски на дваесеттата конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) денеска во Сплит, Република Хрватска.
Главна тема на која се дискутирало на Конференцијата била „Подобрување на интероперабилноста и заеднички приод кон партнерските цели/ целни можности преку комбинирана обука и вежба“.
За време на конференцијата, Величковски остварил повеќе средби со неговите колеги од армиите на А5, како и официјални билатерални средби со заменик на командантот на европската команда на ВС на САД, генерал потполковник Тимоти Реј и командантот на косовските безбедносни сили, генерал потполковник Рахман Рама, соопшти Канцеларијата за односи со јавност на ГШ на АРМ.
На конференцијата учествувале НГШ на армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба ( Македонија, Хрватска , Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), заменик на командантот на европската команда на ВС на САД, заменик на командантот на сојузничката команда на НАТО во Неапол, командантите на националните гарди (НГ) од сојузните држави на САД кои се партнери на земјите од А5, како и НГШ на ВС на Словенија и командантот на Косовските безбедносни сили во својство на набљудувачи.
Армијата на Република Македонија со 17 циклуси на акциски план за членство и активно учество во мисиите предводени од НАТО и меѓународните вежби, дејствува и изведува активности како полноправна членка на алијансата со што многукратно ја има потврдено посветеноста на основачките принципи на САД - Јадранската повелба потпишана во Тирана, во мај 2003 година, а тоа е стабилизација, просперитет и евро-атлантско интегрирање на земјите од регионот.
Република Македонија изминатата година беше домаќин на деветнаесеттата Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).
Ново на Сител
-
Фудбалерите оддадоа почит
-
Томовски: По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци
-
Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Русија очекува напредок во преговорите со САД за Украина во понеделник
-
Приведено лице од Делчево поради предизвикување пожар
-
Муцунски: Владата ги покрива сите трошоци за семејствата на пациентите во странство, не треба да се запостави и хуманоста на граѓаните
-
Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба
-
Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош