Началникот на Армијата на конференција на Воениот комитет на Нато
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска ќе учествува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите.
На претстојната конференција во првиот ден ќе се реализираат сесии со началниците на земјите членки на НАТО, на кои ќе се дискутира за повеќе теми меѓу кои безбедносната состојба во зоната на одговорност на Алијансата и подготвеноста за одбрана и одвраќање, модернизацијата и интероперабилноста на НАТО Алијансата, придонесот кон стабилноста и безбедноста, заканите, ризиците и предизвиците.
Највисокиот воен авторитет на НАТО алијансата, Воениот комитет во формат на началници на Генералштабови се состанува двапати годишно во седиштето на НАТО во Брисел, а еднаш годишно се одржува во една од сојузничките земји членки на база на ротација.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново