Началниците на ГШ на АРМ и на Војската на Австрија во посета на јужната граница

ачалникот на Генералштабот (ГШ) на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски и началникот на ГШ на Вооружените сили на Австрија генерал Отмар Коменда денеска ја посетија јужната граница на Република Македонија.
Припадниците на АРМ ангажирани на јужната граница пред делегацијата ја презентираа актуелната безбедносна ситуација на јужната граница поврзана со бегалската криза, како и начинот и постапките кои се применуваат од страна на АРМ во спречување на нелегалните минувања.
Како што соопшти ГШ на АРМ, војниците презентирале и податоци за досегашните активности кои АРМ ефективно ги спроведува согласно доделените задачи за зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница во спречување на нелегално минување на државната граница.
Во изминатите речиси две години од ангажирањето на припадниците на АРМ во спречување на нелегални преминувања на државната граница, како што се наведува во соопштението од ГШ, спречени се неколку десетици илјади такви обиди, се влијаеше на намалување на притисокот на јужната граница од мигрантскиот бран.
- Генералите Величковски и Коменда ја искажаа потребата од размена и споделување на искуствата како што е справувањето со предизвиците од мигранската криза, како облик за продлабочување на понатамошната соработката, меѓу двете армии, се посочува во соопштението.
На одржаната презентација во реонот на караулата „Богородица“ присуствуваа и припадниците на последната ротација на полициските сили на Австрија кои извршуваат задачи на македонско-грчката граница заедно со граничната полиција на Република Македонија.
Дел од делегацијата на австриските ВС предводена од претставник на австриските армиски специјални сили го обиколи армискиот полигон „Криволак“ разгледувајќи ги можностите кои ги нуди полигонот за изведување на ваков облик на обука.
Во текот на утрешниот ден во ГШ на АРМ ќе се одржат официјални разговори меѓу делегацијата на ВС на Австрија со претставници на ГШ на АРМ на кои ќе се разгледаат повеќе аспекти на меѓусебните облици на соработка.
Ново на Сител
-

„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

Во Македонија меѓу себе се бараат околу 90 илјади лица
-

Привремено одложена имунизацијата со БСЖ вакцината против туберкулоза поради несакани реакции во Хрватска
-

Остри реакции по најавата на Комората за кратење на празниците - против и МПЦ-ОА
-

Правилникот за боледување усвоен на УО на ФЗО - нема кратење на денови туку промена на медицинските критериуми
-

Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање, ниту на придонесите
-

Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто
