На жирафите им се заканува исчезнување

Постои голема опасност жирафите целосно да исчезнат од светот на животните, со оглед на тоа дека нивната бројка се намалила за 40 отсто изминатите три децении, предупреди Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП).
Највисокиот копнен цицач е вклучен на црвената листа на Сојузот со степен „ранлив вид“, соопшти МСЗП на конференција на Обединетите нации за биодиверзитет во мексиканското летувалиште Канкун.
Над овој степен се само степените „загрозен“, „критично загрозен“ и „исчезнат“.
Жирафите се соочуваат со опасност поради незаконскиот лов, вооружени конфликти, неексплодирани мини и проширување на плоштината на земјоделските стопанства, нагласи МСЗП, чие седиште е во Швајцарија.
Во моментов во Африка останале помалку од 98 илјади жирафи.
- Владите имаат голема одговорност да ги зголемат напорите за заштита на биодиверзитетот на нашата планета, истакна генералниот директор на МСЗП, Ингер Андерсен.
Ново на Сител
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
