На вонреден технички преглед упатени 104 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници
Вкупно 16 прекршоци, од кои осум поради неисправен уред за запирање, се констатирани во вчерашната акциска контрола спроведена на територија на цела држава. Акцијата има за цел санкционирање прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.
Како што соопшти МВР, упатени на вонреден технички преглед се 104 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 117 други видови на сообраќајни прекршоци.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара