Македонија
24. May 2024 - 12:31

На УГД отворена лабораторија за квантитавни истражувања во економски и организациони науки

Во просториите на УГД- Штип отворена е лабораторија за квантитативни истражувања во економски и организациони науки. Тоа е една од серијата лаборатории во рамки на Универзитетот која има примарно едукативна цел за студентите во рамки на прв, втор и трет циклус на студии, каде практично ќе можат да се изведуваат наставни и образовни активности.

- Истражувачите и студентите, особено на докторски студии да можат да ги спроведуваат своите научни и стручно апликативни истажување и анализи кои што де факто ќе можат на некој начин поврзувајќи се и со останатите институции, вклучувајќи ја Народната банка, Државниот завод за статистика, креаторите на економските политики, но и приватниот сектор да испорачуваат научно засновани анализи, кои што ќе можат да помогнат во развојот на приватниот сектор, меѓутоа и во развојот на македонската економија и македоснкиот бизнис генерално, изјави Дарко Лазаров, проректор за инвестиции, развој и одржување- УГД - Штип

Лабораторија ќе помогне во градење на подобри економски политики во државата, а со  тоа, позитивно да влијае врз донесувањето на бизнис одлуките од страна на компаниите. 

- Науката може да помогне во делот на развој на нови производи, со поголема додадена вредност и мислам дека во таа насока ние имаме сегменти каде што треба да има одредени подобрувања во делот на промоција на нашите производи, нашите компании - изјави Лазаров

Лазаров посочи дека со вклучување на сите чинители од бизнисот, стапките на економски раст можат да бидат остварливи.