На Триумфалната порта во Париз причинета штета и до милион евра

Учесниците на протестот на „жолтите елеци“ во Париз на Триумфалната порта во саботата и предизвикале штета која се проценува на повеќе стотици илјади, можеби дури и милион евра, изјави претседателот на францускиот Центар за национални споменици Филип Белавал.
Покрај тоа што демонстрантите го оштетија споменикот и националниот симбол на Франција со графити, ја уништиле и неговата внатрешност, каде се наоѓаат вредни експонати, рече Белавал, кој вчера се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и го запозна со причинетата штета, пренесува „Фигаро“.
– Штом беше можно, во саботата вечер отидов да видим како изгледа споменикот. Тогаш таму се уште имаше демонстранти, меѓу кои имаше и алкохолизирани, изјави Белавал.
Тој најави дека споменикот повеќе денови ќе остане затворен за јавност.
Триумфалната порта беше вандализирана во саботата попладне. Споменикот е оштетен, врз него се напишани графити, претежно против Макрон, а информатичката опрема е онеспособена.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Не се исклучува можноста количината на запленета марихуана да достигне 100 тони
-

Приведен 29-годишник од демиркаписко, се заканувал кон сопругата и го нападнал својот татко со тврд предмет
-

Кавадарчанец пријавил пукање кон неговиот дом, оштетен бил ѕидот
-

Променливо облачно време со дожд, на планините снег и заладување од недела
-

ЗОИ 2026: Симболичен настап на Јада во квалификациите на крос-кантри спринтот
-

Нивото на водата на Охридското Езеро 16 сантиметри над февруарскиот просек
-

Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
