На Трескавец снимени првите сцени за филмот „Врба“ на Манчевски
Екипата за новиот игран филм на Милчо Манчевски насловен „Врба“ два дена снима сцени во Прилепско. Вчера беше во околината на манастирот Трескавец и тоа е првиот од двата дена претснимање сцени за филмот.
Според продуцентот Јане Ќортошев, се снимаат летни сцени за филмот кој официјално ќе почне да се снима во октомври. Вели дека Манчевски во околината на Прилеп и Мариово секогаш наоѓал инспирација.
- Овие два дена правиме претснимање. Моравме да ги извадиме од основното снимање поради летото. Ќе снимаме и на едно поле со жито. Имаме сцена со жетва и битно ни е да ја снимиме сцената. Прво сме на Трескавец, а потоа на поле со жито. Инаку, снимањето на филмот ќе стартува помеѓу 5-ти и 10 октомври. Речиси три недели ќе бидеме во околината на Прилеп, а потоа исто толку време во Скопје. Во секој случај, Прилеп на Милчо Манчески секогаш му бил база од која секогаш наоѓал инспирација: Трескавец, околината на Штавица, Мариово, околу Марковите кули... Актерите се, главно, од Македонија, со мали исклучоци. Станува збор за млади актери, кои, главно, сега ја почнуваат кариерата, рече Ќортошев.
Тој не открива многу за филмот кој има три љубовни приказни. За две од нив ќе се снимаат урбани сцени во Скопје.
- За филмот не би откривал премногу, но е конципиран на два-три дела. Станува збор за љубовни приказни поврзини меѓу себе преку симболот на врбата. Првиот дел од приказната се одвива во мариовските села и во нивната околина. За тоа ќе снимаме во Прилеп и во околината. А за втората и за третата приказна ќе снимаме во урбано Скопје, објаснува Ќортошев.
„Врба“ ќе биде шести игран филм на Манчевски, кој од Агенцијата за филм на Република Македонија е поддржан со 1,2 милиони евра. Во продукција е на „Сектор филм“ и продуцентот Владимир Анастасов-Вац.
Македонски филм Манчевски снима по осум години, односно по „Мајки“ од 2010 година. Последниот негов филм „Бикини Мун“ беше американско-германска копродукција без учество на Македонија и снимен во Њујорк.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево