Џет-Сет
21. August 2019 - 9:03

На Трамп му се роди внука, тој веднаш ја сподели радосната вест: Толку сум горд

Ерик Трамп, синот на претседателот на САД Доналд Трамп со сопругата Лара го доби второто дете, ќерката на која и го дадоа името Каролина Дороти.

Неговиот татко радосната вест веднаш ја сподели со своите фанови на социјалнтие мрежи и на двојката и го честиташе раѓањето на детето.

Ова е нивното второ дете, откако пред една година им се роди синот Ерик Лука Трамп.

Слична порака осамна и на Фејсбук заедно со фотографија на која може да се види тукушто роденото девојче.

Веста за раѓањето на наследничката прво ја сподели таткото на девојчето, Ерик Трамп кој напоменува дека „тој и Лара се возбудени и дека веќе ја сакаат“.

Девојченцето е десетто внуче на 73- годишниот Доналд Трамп, кој е татко на пет деца, родени во брак со неговите три сопруги.