На Табановце спречен обид за шверц на луксузни часовници
Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два „Ролекс“ и еден „Омега“ часовник со вкупна вредност од 2,34 милиони денари или 38 илјади евра, соопшти денеска прес-службата на Царинската управа.
Против лицето е поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело – криумчарење.
- Непријавените часовници, Rolex Submariner, Rolex Sky-Dweller и Omega Speedmaster, се пронајдени при детален преглед на возилото и патниците кои патувале со автомобил со српски регистарски таблички. Возачот, со намера да ја избегне царинската контрола, ги ставил часовниците во една мала кожна кутија, која ја сместил во неговиот црн ранец заедно со други предмети за лична употреба, информира Царината.
Запленетите производи се предадени на Основно јавно обвинителство Куманово.
МИА
Ново на Сител
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро
-
Дали Стоматолошката комора работела незаконски ќе испитува Обвинителството
-
Онколошки пациенти реагираат за партиципацијата на „анастрозол“ и „летрасан“
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?