На „Табановце“ се чека половина час, на „Богородица“ од 15 до 30 минути
– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути , а на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

ДУИ: На конгрес промени во раководството
-

Ден на Уставот
-

Ревитализација на шумскиот фонд поради пожарите
-

Ден на предвремено родени бебиња
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Градските инспектори во три смени ќе “ловат“ кој фрла отпад по 22 часот
