Loading Video...
Свет
3. April 2020 - 15:08

На светско ниво бројот на заразени надмина 1 милион

Бројот на заболени од корона вирус во светски рамки надмина 1 милион лица. Епидемијата до денес зафати повеќе од 204 држави и територии, а бројот на починати е над 53.000. Над 60 проценти од заболените припаѓаат на петте најпогодени држави од кои три се европски.

Рекордот на жртви за 24 часа од денеска го превемаа Соединетите Американски Држави, каде изминатото деноноќие починале 1170 лица. Во САД е регистриран и најголемиот број на заразени од над 245.000.

Шпанија од утрово ја надмина и Италија по бројот на заразени. Последните податоци покажуваат дека во Шпанија се заболени 117.710 лица од кои во последните 24 часа починале 932, што според шпанските власти е прв пад на дневниот број на смртни случаи во изминатите 10тина дена.

Во Италија бројот на заразени надмина 115 000 од кои ближу 14.000 ја загубиле битката.

Епидемијата не стивнува ниту во Кина потврден 31 нов случај на зараза со коронавирус и четири смртни случаи. И покрај укинатите забрани за движење, кинескиот град Вухан им испрати официјално предупредување на граѓаните да не излегуваат од домовите доколку немаат потреба